Австријката Хитер победи на супервелеслаломот во Сент Мориц

Австриската скијачка Корнелија Хитер победи во супервелеслаломот кој во рамките на Светскиот куп се одржа во Сент Мориц, Швајцарија.

Хитер победи со време од 1:15.18 минути, доаѓајќи до првата своја победа во Супер-џи сезонава.

На второто место заврши Лара Гут-Бехрами од Швајцарија со заостанување од 0,18 секунди, додека трета беше Италијанката Софија Гоџа со заостанување од 0,33 секунди.

Американката Линдзи Вон по пет години се врати на скијачките патеки и заврши на 14. место.

Се вчитува...