Домашната скијачка Корине Хутер славеше на супервелеслаломската трка која утрово се возеше во австрискиот ски-центар Алтенмарк.
Хутер до победата стигна со време од 1:13.17 минута што беше за девет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Норвежанка, Кајса Викоф Ли. Подиумот го надополни Швајцарката Лара Гут Бехрами која доцнеше 21 стотинка зад времето на победничката.
Најдобрата во генералниот пласман, Микаела Шифрин не настапи на денешната супервелеслаломска трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА