Неверојатната Катарина Линсбергер стигна до златниот медал на слаломот на Светското првенство во алпско скијање во Кортина Д’ампецо, откако успеа да ја уништи конкуренцијата предводена од двете најдобри скијачки на денешницата, Петра Влхова и Микаела Шифрин.
Австријката до победата стигна со вкупно време од 1:39.50 што беше за цела секунда побрзо од второпласираната Петра Влхова од Словачка, додека бронзата и припадна на Микаела Шифрин од САД со скоро две секунди задоцнување.
Утре на програмата е последната трка на шампионатот, машкиот слалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА