Германија на фуриозен начин ја победи Австрија во последниот меч од денешната програма на ЕВРО 2020. По минималниот пораз од Хрватска со кој ги загубија шансите за полуфинале, Германците вечерва немаа милост за селекцијата на Австрија и ја совладаа со 34-22. Овој натпревар го судеше македонската двојка, Николов и Начевски.
На полувремето Германија обезбеди три гола предност (16-13), но целосна доминација покажа во вториот дел и барем малку ги залечија раните од минатиот меч со Хрватите. Кастенинг беше стрелец на шест гола во победничкиот состав, пет имаше Рахјман, а четири постигна Пекелер. Кај Австријците, најефикасен беше Билик со пет погодоци, но и немаше поддршка од останатите соиграчи.
Германците сега ќе се борат за петтата позиција на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА