ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Австрија го има Билик како прва „ѕвезда“ на овој европски шампионат, но голем дел од товарот во нападот паѓа и врз Јанко Божовиќ, леворакиот „бомбардер“ кој постигна 12 погодоци на првите две средби со Чешка (пет) и со Украина (седум). На македонската јавност познат и од периодот кога со успех настапуваше за Металург, Божовиќ со голем респект гледа кон нашиот национален тим, предупредувајќи дека Австрија нема да има нималку лесна задача на утрешниот натпревар.
„Први сме по првите две кола и тоа е одлично, но јасно ни е дека работата не е завршена. Пред нас е дуелот со Македонија, квалитетна репрезентација со која сигурно нема да имаме лесна задача. Го имате Кире Лазаров, сите добро знаат за каков играч станува збор, но Македонија е многу повеќе од еден играч, има и други квалитетни ракометари способни да го решат натпреварот. Наша сила е тимскиот дух, играме сите еден за друг, гинеме на терен и бодрени од фантастичната публика редиме победи. Така беше досега, се надевам дека ќе биде така и на дуелот со Македонија“, изјави Божовиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра утре во „Штадхале“ во Виена со почеток во 18.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА