Австриски репрезентативец брутално претепан во Виена

Австрискиот репрезентативец и напаѓач на Рапид Виена, Гуидо Бургшталер бил брутално претепан на улиците на Виена, потврди и неговиот клуб.

Тој бил нападнат од засега неидентификувани напаѓачи и се стекнал со тешки телесни повреди поради кои итно е пренесен во болница. Во моментот се наоѓа во стабилна состојба, но голема е веројатноста дека за него сезоната е завршена.

Поради тешките повреди му се заканува и крај на кариераа на 35-годишникот кој се уште настапува за својата репрезентација.

Се вчитува...