„Австрискиот Клоп“ е наследникот на Ковач во Волфсбург

Раководството на Волфсбург експресно го реши прашањето за нов тренер на екипата по отказот што му беше врачен на Нико Ковач по серијата слаби резултати во Бундеслигата.

Ралф Хасенхутл е тренерот што од утре ќе почне да работи со тимот на Волсбург откако австрискиот стратег денеска потпиша долгогодишен договор со овој клуб. Тој во тренерската кариера во Германија има работено во Лајпциг и во Инголштад, а поради стилот на игра на неговите тимови го доби прекарот „австрискиот Јирген Клоп).

Станува збор за стратг што во сезоната 2016/17 стигна до второто место во Бундес-лигата со Лајпциг, додека со тимот на Инголштад успеа да влезе во Првата лига во сезоната 2014/15 и потоа во наредната сезона да обезбеди опстанок во елитното друштво.

Волфсбург по трите порази во низа падна на 14.место на табелата, а новиот тренер ќе дебитира на клупата на овој тим на гостувањето против Вердер закажано за 30март.

Се вчитува...