Австриските атлетичари се вратија на тренинзи на стадион: „Непроценливо чувство“

Најдобрите австриски атлетичари Верена Прејнер, Ивона Дадиќ и Лукас Вајсхајдингер се вратија на тренинзи на стадион по петнеделна пауза и карантин. Повеќе од 600 професионални спортисти добија дозвола од владата да продолжат со редовни тренинзи откако беа укинати строгите мерки на движење поради пандемијата на коронавирусот.

„Секако, прекрасно е да се вратиш на нормален тренинг на Олимпискиот тренинг центар во Линц“, изјави Верена Прејнер, бронзената седмобојка од последното Светско првенство. „Трениравме 100 метри и тоа првпат по пауза од пет недели. Непроценливо чувство. Но, мораме и понатаму да бидеме внимателни, мојот тренер Волфи Адлер и јас носиме заштитни маски дури и кога тренираме на отворено“, дополни седмобојката Прејнер.

Австрија отвори седум национални олимписки центри во државата каде спортистите ќе можат да одржуваат редовни тренинзи, првпат по комплетниот карантин во кој беа изминатиот период.

 

 

Се вчитува...