Австриските клубови добија дозвола за тренинзи, лигата продолжува на почетокот на мај

Професионалните спортски клубови во Австрија од понеделник ќе можат да почнат со тренажен процес, а набрзо потоа ќе продолжи и австриската Бундес-лига. Владата даде дозвола за отпочнување на тренинзите, првата седмица ќе треба спортистите да тренираат во помали групи, а продолжението на сезоната треба да се случи на почетокот на мај.

Фудбалската федерација на Австрија ќе направи тестирање на сите играчи и членови на стручните штабови на клубовите 48 часа пред првиот натпревар, а одговорност за нивното дравје ја презема лигата. До крајот на првенството мечевите ќе се играат без публика.

 

Се вчитува...