Автогол и донесе огромен бод на Гранада против Атлетик Билбао

Гранада стигна до огромен бод во 16. коло од шпанското првенство откако во претходно прекинатиот натпревар против Атлетик Билбао ремизираше со 1-1.

Инаки Вилијамс го отвори натпреварот со гол во шестата минута уште пред прекинот, а Гранада стигна до бод по автоголот на Руиз де Галарета во 55. минута.

Со овој бод Атлетик Билбао се искачи на петтата позиција на табелата со 29 освоени бодови колку што има и Реал Сосиедад, додека Гранада и понатаму е во опасната зона со само осум осовени бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...