И спортистите се само луѓе… Па, нивниот строг режим некогаш знае да попушти. Посебно во празнично расположение кога е дозволено малку повеќе и алкохол.
Токму, новогодишните празници беа повеќе од добредојдени и за фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан кој и онака си е добро познат по бројните пороци. Овој пат направи глупост што снимките на кои е „убаво поднапиен“ испратени со сочни пцовки ги објави и на својот Инстаграм профил…
Сето тоа не го примија баш најдобро сопствениците на Рома но и навивачите на „волчицата“, па Наинголан многи брзо, откако се отрезни, мораше јавно да се извини.
„Жал ми е поради се што се случи. Сакам да се забавувам со пријателите. Славев Нова година но знам дека отидов малку предалеку во сето тоа… Не сакав да оставам лош пример и поради тоа мора да се извинам поради упатените зборови и пцовки, и поради лошото однесување“ – истакна нешто потоа Наинголан.
Без разлика на неговото контроверзно однесување, тој и натаму важи за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Европа. Сезонава има 21 натпревар за Рома и постигнато два гола. Како и да е, од Рома најавија дека секако го чека казна за ваквото однесување!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА