Автоголот го чинеше Атлетико Мадрид победа кај Галатасарај, историска победа за Карабах (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид одиграа само реми 1-1 на гостувањето кај Галатасарај во Истанбул во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Џовани Симеоне во 4. минута. Домаќините успеаја да израмнат на 1-1 со автоголот на Љоренте во 20. минута.

A Turkish commentator overreacting on Atletico's own goal vs Galatasaray
byu/tatar1warlord insoccer

Карабах се уште сонува за историски пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување откако вечерва славеше со 3-2 на домашен терен против фаворизираниот Бундеслигаш, Ајнтрахт Франкфурт. Дуран во 4. минута донесе водство од 1-0 за домаќинот. Узун во 10. минута израмни на 1-1. Чаиби од пенал во 78. минута донесе целосен пресврт 1-2, а потоа следуваше вистински земјотрес во Азербејџан. Прво Дуран со својот втор гол на мечот во 84. минута израмни на 2-2, додека голема победа за Карабах донесе Мустафазада во 94. минута.

Qarabağ [3]-2 Eintracht Frankfurt – Behlul Mustafazade 90+4'
byu/4gjdtokurwa insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...