ЖРК Металург е освојувач на Куп титулата во женска конкуренција, откако во финалниот меч на Ф4 турнирот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци славеше над Ѓорче Петров со 30-27.
Автокоманда по девет години пауза слави титула во женскиот куп, но Македонија и тоа како може да се радува бидејќи веќе добива екстра талент во 15-годишното чудо од дете Ива Младеновска.
Младеновска се закити со МВП титулата, откако со девет гола го водеше младиот тим на Јулијана Дамчевска до трофејот во завршницата од Ф4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА