Азар демантира: Не е точно дека не сум среќен во Реал

Белгискиот фудбалер Еден Азар истакна дека е среќен во Реал Мадрид, и дека се надева дека ќе игра повеќе во иднина. Повредите беа проблем за Азар откако пристигна во Реал во 2019 година.

Белгиецот честопати беше цел на критики, а во последните месеци се зборуваше дека би можел да го напушти „кралскиот клуб“.

„Не е точно дека не сум среќен во Реал. Јас сум задоволен. Знаете дека секој играч е среќен кога постојано игра за својот клуб. Не играв долго време, немам постигнато голови, но тоа не влијае на љубовта што ја чувствувам кон клубот. Ситуацијата е комплицирана од корона вирусот и повредите, но јас сум среќен. Луѓето можат да мислат што сакаат, јас знам дека можатм. Кога постигнувам голови, кога се смеам, тие ќе речат дека сум среќен. Но, јас сум и сега. Ми недостасува играњето фудбал“, изјави Еден.

Белгиецот е обврзан со договор со тимот од Мадрид до 30 јуни 2024 година.

Се вчитува...