Азар го брани Караско: Подобро да игра во Кина отколку да грее клупа во Мадрид

Јаник Караско изненади многумина со одлуката во мундијалска година да си замине од Атлетико Мадрид и да се пресели во Кина. Белгискиот ас во ваквиот потег ја има поддршката од својот репрезентативен колега Еден Азар, кој јавно ја поддржа ваквата одлука на крилниот офанзивец.

Не зборувам премногу често со Караско, но знам дека сакаше да си замине од Атлетико бидејќи не играше доволно. Сега сите го критикуваат зошто заминал во Кина и ќе загубел натпреварувачки ритам. За мене таквиот став е погрешен, па подобро е што тој замина во Кина за да игра, отколку да остане да ја грее клупата во Мадрид. Не верувам дека оваа одлука ќе му го промени статусот во репрезентацијата, па и Витсел игра извесно време во Кина и редовно настапуваше за Белгија“ – изјави Азар.

Белгија e дел од групата Г на претстојниот фудбалски мундијал, на кој „црвените ѓаволи“ ќе се сретнат со селекциите на Англија, Тунис и Панама.

Се вчитува...