Еден од најдобрите белгиски фудбалери на сите времиња, Еден Азар, откри зошто се решил да прекине со играњето на фудбал во 2023 година. Додека беше дел од Реал Мадрид, Белгиецот се реши да престане да игра.
Тој кажа дека во моментов не размислува да работи ништо поврзано со фудбалот, и дека уште сака да се грижи за своите деца.
„Го напуштив професионалниот фудбал затоа што не ми се допаѓаше се. Ми се допаѓаа 90 минути на теренот, но се друго – гостувањата, бескрајните тренинзи, медиумите, тоа не ми се допаѓаше. Тренерите денеска работат понапорно од играчите. Постојано се пред компјутер со своите асистенци, и тоа не ми се допаѓа“, рече Азар и додаде:
„Ако сакам да работам тренер, имам време. Имам 34 години. Но, сега сакам да се грижам за моите деца и да се релаксирам“, рече поранешниот крилен играч на Реал Мадрид и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

