Белгискиот интернационалец Еден Азар отворено му се понудил на европскиот првак Реал Мадрид, открива шпанскиот весник „Марка“. Тој сака да игра елитен фудбал во Лигата на шампионите и следната сезона, а неговиот клуб Челси не успеа да избори пласман во најквалитетното европско натпреварување. Тој беше миленик на Зинедин Зидан, поранешниот тренер на „кралскиот клуб“, кој подолг период се обидуваше да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“, но не успеа во тоа.
Азар и по неговото заминување е заинтересиран за трансфер во Реал Мадрид, но последниот збор секако ќе го има новиот менаџер на Челси. Антонио Конте најверојатно ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, а на клупата на лондонските „сини“ треба да седне друг италијански стратег, Маурицио Сари.
Челси за Еден Азар бара отштета од 120 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА