Еден Азар нема намера да остане во Челси по завршувањето од оваа сезона, откако веќе ги договорил условите за петгодишна соработка со Реал Мадрид. Белгиецот веќе извесно време флертува со „кралевите“, но последните информации велат дека тој веќе ја прифатил и понудата за плата од 15 милиони евра по сезона, за трансфер што би се реализирал пред почетокот на СП во Русија.
Челниците на Челси му понудиле на Азар плата од 18 милиони евра по сезона, но тоа било експресно одбиена, со јасна порака дека тој не ја гледа својата долгорочна иднина на „Стемфорд бриџ“. Реал Мадрид планира да направи сериозен ремонт во своите редови во претстојниот летен преоден рок, а Белгиецот ќе биде едно од најзвучните засилувања на најтрофејниот европски клуб.
Англискиот клуб не сака да го загуби својот најдобар играч, но и нема намера сосила да го држи доколку е незадоволен. Британските медиуми тврдат дека Челси ќе бара 125 милиони евра за Азар, но и ќе инсистира во преговорите да биде вклучен Герет Бејл, играч за кого газдата Роман Абрамович има исклучително високо мислење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА