„Азар има голем задник, тоа му е главно оружје во фудбалот“

Еден Азар е едно од најголемите трансфер-промашувања во историјата на Реал Мадрид, откако белгискиот ас не успеа во дресот на „кралевите“ да ги повтори одличните изданија од настапите за Челси.

Тој со години важеше за еден од најдобрите фудбалери во Премиер-лигата, а поранешниот играч на Манчестер Сити, Јаја Туре, има интересно гледиште за тоа што го прави Азар толку опасен за противниците. Според Туре, тоа се должи на големиот задник на Белгиецот.

„Еден Азар е исклучително опасен фудбалер. Има помалку од пет секунди пред да ја прими топката, а додека таа му се приближува тој одлично знае како да се загради, користејќи го задникот. Има голем задник, со него го оттурнува ривалот, тоа е како да добиете силен удар, кога ќе се удрите во него. Со тој потег Азар создава простор и потоа тргнува во дриблинг. Слични трикови користат и Суарез и Агуеро. Начинот на кој ја контролира топката откако ќе се загради со задникот, тоа е нешто неверојатно – можност да тргне на било која страна и да ве претрча за неколку секунди. Велат дека Еден Азар има премногу килограми, вистина е дека не изгледа најдобро, но големиот задник секогаш му бил главно оружје, сите кои играле против него го знаат тоа“, истакнува Јаја Туре.

Се вчитува...