Азар: Јас не сум себичен…, а само себичните освојуваат „Златна топка“!

„Волшебникот“ на Челси, Еден Азар веќе со години се издвојува како еден од најдобрите светски фудбалери. Сепак, и тоа како се уште е далеку од недопирливата двојка Меси – Роналдо.

Но, Белгиецот смета дека го нема она пресудното за да биде најдобар во светот и да освојува признанија, како „Златната топка“, на пример…

„Татко ми, кога бев млади, постојано ми зборуваше дека не сум доволно себичен. Постојано тоа ми го зборуваше, и можеби тоа е вистина. Денеска во фудбалот, ако сакате да освоите нешто како ‘Златната топка’ или да бидете најдобар стрелец, и да ве издвојуваат од другите, тогаш мора да бидете себични. Но, јас едноставно не сум таков, никако. Јас сум тоа што сум, и никогаш нема да се променам“ – вели Азар.

Азар сезонава запиша 16 гола и 13 асистенции во дресот на Челси кој, пак, зад себе остава разочарувачка сезона завршувајќи дури на петтото место во Премиер лигата.

Се вчитува...