Еден Азар, Демба Ба, Јохан Кабај и Муса Со станаа сопственици на фудбалскиот клуб Сан Диего, кој во новата сезона ќе настапува во втората лига во САД. Клубот ќе дебитира во 2018 година, поточно на пролет кога започнува лигата. За домашните натпревари ќе го користат стадионот на Универзитетот на градот додека франшизата не добие сопствен терен.
„Сан Диего е преубаво место, приметувам дека луѓето во градот чувствуваат љубов и страст кон овој спорт, што го направи нашиот избор многу лесен. Јас и моите пријатели сме среќни што сонот го направивме реалност, со нетрпение го чекаме почетокот на сезоната“, истакна Азар.
Се уште се одлучува за името на клубот, а во процес е и изработката на логото кое треба да се официјализира како бренд во следните месеци.
Интересно е што оваа група на фудбалери не се едиствените сопственици на клуб од втората лига во САД. Паоло Малдини е косопственик на Мајами ФК, кои се први на табелата во првиот дел од сезоната во втората лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА