Англискиот премиерлигаш Челси ја прифатил понудата на Реал Мадрид од 115 милиони фунти за услугите на белгискиот репрезентативец Еден Азар. Белгиецот официјално на „Сантијаго Бернабеу“ треба да биде претставен в понедeлник на 3. јуни. Азар ќе потпише петгодишен договор, со неделна заработувачка од 400.000 фунти.
Флорентино Перез најави нов проект, а токму Белгиецот беше една од главните цели на раководството на „кралскиот клуб“, но и на тренерот Зинедин Зидан, како би ја вратиле доминацијата во европскиот фудбал. Азар во Челси прејде од Лил во летото 2012 година, за сума од 35 милиони фунти, а за тимот од „Стемфорд Бриџ“ вечерва ќе го одигра последниот натпревар во финалето од Лигата на Европа против Арсенал.
Од таборот на Реал Мадрид се очекува да го потврдат и доаѓањето на Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА