Азар не смее на нова операција: Ако се оперира ќе ја заврши кариерата!

Еден Азар и по третпат го повредува истиот зглоб со што ја продолжува серијата повреди откако пристигна во Реал Мадрид летото 2019 година.

Белгискиот капитен е соочен со нова операција поради која би можел да го пропушти остатокот од сезоната, како и Европското првенство со Белгија. Сепак, лекарот Хозе Гонзалес сугерира дека нова операција на истиот зглоб за Еден ќе значи и крај на кариерата.

„Трета операција на неговиот зглоб е ризична затоа што постои можност потоа да не игра фудбал. Без операција ќе може да тренира за неколку месеци, но не и да игра. Од искуство ви кажувам дека Азар оваа сезона нем да игра за Реал Мадрид“ – вели Гонзалес, притоа и со совет за Белгиецот.

„Додека не биде 100% подготвен не треба да се враќа на терен. Кога фудбалерот се враќа по долго отсуство во кое не тренирал, секако дека брзо повторно ќе се повреди“.

 

 

Се вчитува...