Азар: Одбив да играм за Франција и не жалам за тоа…

Еден Азар утре ќе ја предводи Белгија во мундијалското полуфинале против „галските петли“, натпревар што ќе има уште поголемо значење за асот на Челси ако е земе во предвид неговата поврзаност со Франција. Имено, Азар за свој фудбалски идол во детството го имаше Зинедин Зидан, па на 14-годишна возраст пристигна во Франција како дел од академијата на Лил, клуб за кој на 16 години ќе дебитира и за првиот тим, во ноември 2007 година.

Тоа беше доволно за Французите да покажат сериозен интерес за ова чудо од дете, следеа и сериозни понуди тој да се откаже од Белгија и да заигра за „триколорите“.

„Точно е, ми беше понудено да заиграм за Франција, но јас се чувствував 99% Белгиец и само еден процент Французин, поради долгото време што го минав во оваа земја. Немаше никакви дилеми, веднаш ги одбив и никогаш не зажалив поради тоа“ – открива Азар.

Се вчитува...