Стартовите на фудбалерите над Еден Азар на мечот од ФА Купот на Англија дефинитивно оставија трага, па белгискиот интернационалец ќе мора да мине извесно време надвор од терените. Азар го пропушти последниот меч со Стоук и отпатува на првата прозивка на белгиската репрезентација, но селекторот Роберто Мартинез објави дека нема никакви шанси овој фудбалер да се рехабилитира навреме за претстојните дуели со Русија и со Грција.
„Според она што ми го кажаа лекарите, Азар ќе паузира околу петнаесет дена. Повредата не е наивна, а ние немаме намера да ризикуваме“ – изјави Мартинез за белгиските медиуми.
Ова значи дека најдобриот фудбалер на Челси сигурно ќе го пропушти натпреварот со Кристал палас, а прашање е дали ќе успее да се рехабилитира навреме за пресметката со Манчестер сити, меч на кој „сините“ со евентуална победа би направиле уште еден огромен чекор напред кон титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА