Азар побарал од Челси да го исполни ветувањето и да му дозволи трансфер во Реал Мадрид

Белгискиот фудбалски интернационалец Еден Азар официјално побарал од раководството на Челси да му дозволи трансфер во Реал Мадрид. Ова ветување челниците на клубот му дале претходното лето кога го замолиле да остане уште една сезона на „Стемфорд бриџ“, со најава дека ќе може да си замине токму по завршувањето на овој шампионат во Премиер лигата. Сега Азар ги потсетил на ветувањето и побарал да биде испочитувано.

Реал Мадрид понуди 100 милиони евра за ангажманот на Белгиецот. Тој е голема желба на тренерот Зинедин Зидан кој се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и во летниот преоден рок ќе треба значително да го реновира составот на „кралевите“. Еден Азар треба да биде една од капиталните инвестиции во навалната линија на мадридскиот тим.

Се вчитува...