Еден Азар го раскина договорот со Реал Мадрид вреден 400 илјади евра неделна плата и сега е слободен да ја бира новата средина, но претсезоната не се одвива во најпосакуваниот ред за некогашната голема ѕвезда на Челси.
Триесетидвегодишникот очекувал понуди од Саудиска Арабија и МЛС лигата, но единствен кој се интересира за неговите услуги е белскиот Вестерло, понуда која Белгиецот ја смета за понижувачка и поради која е подготвен да стави крај на кариерата, пренесуваат белгиските медиуми.
„Мојата иднина? Не знам навистина. По трите компликувани години сега само сакам да поминам повеќе време со семеството и да одам на одмор како сите други“, изјави Азар.
Азар кариерата ја започна во Лил, а добрите настапи за францускиот тим му донесоа трансфер во Челси каде го доживеа зенитот. Со „сините“ освои шест големи трофеи пред да се пресели во Реал Мадрид за 100 милиони евра, но пречестите повреди го спречија да ги исполни очекувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

