Најзвучното засилување на Реал Мадрид во летниот преоден рок, Белгиецот, Еден Азар верува дека тимот ќе има одлична сезона и покрај слабиот старт. „Кралевите“ добија само три од првите шест меча во сезоната, но успеаја да слават над Севилја минатиот викенд и да ја преземат челната позиција во Ла лига.
„Кога играш за Реал Мадрид мора да победиш на секој натпревар. Затоа Реал е најголем клуб на светот, бидејќи секогаш постои притисок. Имаме квалитетен тим, беше тешко но победивме во Севилја, место на кое не е лесно тоа да го направиш“, изјави Азар.
Белгиецот поради повредата на бутниот мускул одигра само два меча досега во Ла лига, а во среда Реал Мадрид ја дочекува Осасуна, пред градското дерби против Атлетико Мадрид кое на програмата е викендов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА