Еден Азар, еден од најдобрите белгиски фудбалери на сите времиња, и натаму е без клуб. Своевремено беше еден од најдобрите играчи во Светот, а потоа се случи трансферот во Реал Мадрид и големиот пад. Требаше да биде замена за Кристијано Роналдо, но никогаш ни блиску не дојде до тоа.
Азар сега размислува дали да игра во својата родна земја Белгија, каде има понуда од Унион Сен Жилоас, или, да остане да живее во Мадрид и да го остави фудбалот.
Неговите двајца браќа Торган и Килијан се во Белгија, и го тераат својот брат да се врати во Белгија и да заигра за Унион, со што би бил поблиску до семејството. Но, со тоа не се сложув неговата сопруга Наташа ван Хонакер, со која е во брак 11 години. Таа и неговите три сина сакаат да останат во Мадрид, каде многу им се допаднал животот.
Но, за да живее во Мадрид, тоа ќе значи дека Азар би требало да го остави фудбалот и да се посвети на нешто друго. А, со оглед на тоа во кои клубови играше и колку заработуваше, би можел да си дозволи добар живот во шпанската престолнина.
Претходно фудбалерот ги одби понудите од САД и од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

