Еден Азар изненади многумина со одлуката на 32-годишна возраст да каже крај на играњето на фудбал. Белгискиот генијалец играше во животна форма во Челси, но ситуацијата се промени откако се пресели во Реал Мадрид, каде најголемиот дел од времето го мина на клупата за резерви или на трибините.
Азар по раскинот на договорот со „кралевите“ имаше неколку интересни понуди на маса, од Белгија, САД и Саудиска Арабија, но на крајот реши да ја заврши кариерата. Во интервју за белгиските медиуми тој ја обелодени главната причина за ваквата одлука.
„Секогаш сум велел дека ќе завршам со играње кога веќе нема да уживам. Не сакав да отидам некаде само за пари, а можев… Не ми се тренираше, поради тоа и не играв така често. Кога добро размислив, одлуката беше лесна“, обелодени Еден Азар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

