Челси заврши одлична работа во преговорите кога Роман Абрамович го продаде Еден Азар во Реал Мадрид за сума од вкупно 130 милиони фунти, во јуни 2019 година.
„Кралевите“ тогаш платија 90 милиони при самиот трансфер, а останатите 40 милиони беа поврзани со неколку различни клаузули, со настапите на Азар, но и резултатите на Реал Мадрид во периодот на договорот што Белгиецот го потпиша, до јуни 2024 година.
Она што е многу интересно, Азар пред седум месеци објави крај на кариерата и повеќе не е член на Реал Мадрид, но „кралевите“ сепак ќе треба да му платат на Челси дополнителни пет милиони фунти поради својот пласман во финалето од Лигата на Шампионите. Клаузулата се однесувала на настапите на Реал во елитното европско натпреварување и не би била валидна само доколку Азар заминел од Мадрид пред јуни 2024, но бидејќи тоа не се случило, Флорентино Перез ќе мора да издвои значителна сума за да ја исплати и последната рата од мегатрансферот на Азар. Реал веќе плати пет милиони фунти за освоената титула во ЛШ во 2022 година, иако Азар го мина финалето со Ливерпул на клупата, како и речиси сите натпревари од елитното европско натпреварување таа сезона.
Белгиецот ќе остане запаметен како најголемо трансфер-промашување во историјата на Реал Мадрид, ако се знае дека честите повреди и неговата незаинтересираност на тренинзите придонесоа да одигра само 54 средби за „кралевите“ во шпанската Ла Лига, во вкупно четири сезони по мегатрансферот од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА