Азар си замина од Борусија Дортмунд

Еден Азар се уште нема донесено одлука дали да ја продолжи кариерата или да се пензионира, но затоа неговиот помлад брат Торган донесе конкретен потег – заминувајќи од Борусија Дортмунд и потпишувајќи договор со Андерлехт.

Помладиот од браќата Азар никогаш не ги оправда очекувањата во Дортмунд, ланската полусезона ја мина во ПСВ Ајндховен, а јасно му беше ставено до знаење и дека треба да си бара нов клуб летово. Тој одби неколку понуди надвор од Европа и репи да се врати во татковината, потпишувајќи договор на три години со Андерлехт.

„Пресреќен сум што ќе играм за Андерлехт. Сакав да се вратам дома со моето семејство, затоа одбив некои понуди во текот на летото за преселба во далечни земји. Ме воодушеви проектот на управата на Андерлехт, неколкуте квалитетни засилувања летово кои најавуваат борба за висок пласман“, изјави Азар.

Само неколку дена претходно, белгискиот гигант потпиша договор и со данскиот голман Каспер Шмајхел.

Се вчитува...