Азар со јавно извинување: Не сакав да го навредам Реал Мадрид

Еден Азар беше принуден јавно да им се извини на навивачите на Реал Мадрид кои гласно го изразија незадоволството по односот на белгискиот ас по поразот од Челси и елиминацијата на „кралевите“ од Лигата на Шампионите.

Азар не само што беше еден од најслабите поединци на теренот, туку уште повеќе ги исфрустрира приврзаниците на Реал откако видно расположен по мечот се шегуваше со своите поранешни соиграчи од Челси.

„Се извинувам. Прочитав најразлични ставови за мене денеска, сакам јасно да ставам до знаење дека никогаш не беше моја намера да го навредам Реал Мадрид, ниту пак нашите навивачи. Отсекогаш сонував да дојдам во Мадрид, дојдов овде за да победувам. Оваа сезона не е завршена, заедно ќе се бориме во битките за Ла Лига. Хала Мадрид“, истакна Еден Азар.

Се вчитува...