По трансфер-сапуницата која траеше повеќе од една година, Килијан Мбапе (25) стана нов играч на Реал Мадрид. Француската суперѕвезда пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ. Мбапе ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“ откако Франција ќе заврши со настапите на престојното ЕВРО 2024.
Еден Азар (33) кој ја заврши кариерата по неуспешната епизода во Реал, му испрати порака на Мбапе:
„Направи го тоа што не можев, брат, уживај играјќи за Реал и освојувај трофеи“.
Белгиецот и Французинот се во одлични односи и еднаш зборуваа за заеднички настап во Мадрид, но Азар не дочека да игра заедно со Мбапе. Сепак, Азар и покрај тоа што не остави значајна улога во Реал, успеа да освои европска шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

