Реал Мадрид неодамна најави заминување на Еден Азар, иако договорот на Белгиецот официјално истекува на 30. јуни.
Своевремено најдобриот играч во Премиер-лигата додека го носеше дресот на Челси не се прослави во кралскиот клуб. Многумина го сметаат за најголемото промашување на сите времиња, особено ако се знае дека пред четири години Реал за него плати отштета од 115 милиони евра и околу 25 милиони евра годишна плата.
Минатата сезона одигра само шест натпревари во Примера, вкупно десет во сезоната ако се додадат три во Лигата на шампионите и еден во Купот на кралот.
„Вистина е дека во последните денови читам многу глупости за себе. Знам дека не ви ги давам одговорите на кои се надевате, но искрено се уште ги немам. Се уште сум подготвен да бидам професионален фудбалер, моето тело може да се справи со тоа. Одморив две-три години во Мадрид и уште имам енергија“, изјави Азар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

