Сабаленка ја доби војната со Зигмунд

Арина Сабаленка е на само еден чекор од своето прво финале во кариерата на Вимблдон откако прворангираната светска тенисерка по голема борба ја совлада Лаура Зигмунд од Германија со 2-1 во сетови.

Германката на 37-годишна возраст ја изненади големата фаворитка играјќи беспрекорно во првиот сет, што Зигмунд го отвори со два брејка за водство од 0-3, добивајќи го со конечни 4-6. Сабаленка успеа да се врати во вториот сет добивајќи го со 6-2, но тоа беше само најава за супер-возбудлив тенис во решавачкиот сет.

Зигмунд два пати прва стигнуваше до брејк предност, а Германката сигурно ќе жали за неискористената шанса на свој сервис при 4-3 да стигне до два гејма позитива. Сабаленка успеа да се извлече и да израмни на 4-4, потоа полна со самодоверба да ги одигра преостанатите два гејма од овој меч и да слави со конечните 4-6, 6-2, 6-4, за место во полуфиналето на Вимблдон.

Тејлор Фриц е првиот полуфиналист на машкиот дел од Вимблдон откако американскиот тенисер ја доби пресметката со Хачанов со 3-1 во сетови. Фриц почна моќно и набрзина поведе со 2-0 (6-3, 6-4), но Хачанов возврати со пет освоени гејма во низа во третиот сет (1-6). Во четвртиот сет можеше да се проследи израмнет тенис, се решаваше во тајбрејк во кој сервисот на Фриц функционираше беспрекорно и Американецот заслужено се пласираше во полуфиналето.

Негов противник во следната рунда ќе биде победникот од дуелот Алкараз – Нори.

Се вчитува...