Поранешниот женски светски рекет број еден, Марија Шарапова се очекува да го забележи своето враќање на тениските терени идниот месец на ВТА турнирот во Штутгарт.
Помина нешто повеќе од една година откако Шарапова се здоби со 15 месечна суспензија поради користење на допинг во пресрет на Аустралијан Опен во 2015 година. Самата тенисерка отрки дека била позитивна на супстанцата мелдониум за време на гренд слемот во Мелбурн, но не била свесна дека можело да и направи проблем, со оглед на тоа дека користела мелдониум поради здравствени проблеми.
Првичната казна на Шарапова требаше да биде две години, одредена од светската тениска федерација, но подоцна беше намалена на 15 месеци од страна на Арбитражниот суд за спорт во Лозано.
Петкратната освојувачка на гренд слем титули ќе заигра на турнирот кој го има освоено три пати, почнувајќи од 24. април. 29-годишната тенисерка доби и вајлд-кард за турнирот во Мадрид, кој ќе се одигра во месец мај.
„Враќањето на Шарапова се добри вести за тенисот. Таа има голем број фанови и секако дека секој од нив ќе сака да види каква игра ќе покаже по една година пауза. Не знам дали ќе биде подготвена за вториот Ролан Гарос, бидејќи ќе има околу еден месец да се спреми, а тоа е премалку време за таков голем турнир, но, ќе оставиме времето да покаже.“ – изјави Азаренка Омниспорт.
Вториот гренд слем оваа година, Роланд Гарос започнува на 22. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА