Единствениот македонски претставник, Ардијан Аземи, загуби во првото коло завршувајќи ги настапите на Европското кадетско првенство во бокс кое се одржува во Галати, Романија.
Аземи во категоријата +80 килограми беше поразен од Германецот, Миахел Торстен Доблер. Аземи боксуваше мотивирано и со голема желба за победа, но не успеа да пласира прецизни удари што боксерот од Германија го искористи запишувајќи победа од 5-0.
Аземи, како што истакна, ова за него е пред се големо искуство како проверка на можностите меѓу најдобрите кадетски боксери на европскиот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА