Вардар дојде до посакувани три бода во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига триумфирајќи пред своите навивачи на арената „Тодор Проески“ со 1-0 против Македонија ЃП, благодарение на погодокот на Азер Омерагиќ во 52. минута од средбата.
По мирното прво полувреме во кое и двете екипи не покажаа нешто многу низ првите 45 минути, освен неколкуте полушанси на двете страни, и покрај привидната иницијатива на домашните.
Но, веќе на стартот од вториот дел, офанзивецот на црвено-црните, Азер Омерагиќ искористи еден кикс во гостинската одбрана, голгетерски реагирајќи за 1-0, што се покажа сосема доволно за победа на „вардарци“.
До крајот на дуелот рутински ја одржуваа предноста за конечна победа. Во вардаровиот дрес дебитираше и најновото засилување, репрезентативецот Давид Бабунски, а на спротивната страна беше уште еден поранешен репрезентативец Кире Маркоски.
Вардар, со овој триумф, ја запоседна лидерската позиција на табелата, барем до следните натпревари викендов на Силекс и на Струга ТЛ.
ДЕНЕСКА:
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
УТРЕ (13 септември)
(15.30) АП БРЕРА – ШКУПИ
(15.30) СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА (14 септември)
(15.30) СТРУГА – ТЛ ТИКВЕШ
(19.00) ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

