„Вардарци“ утре од 20:30 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ги очекува првиот натпревар од почетното коло во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Против Ла Фиорита од Сан Марино, „вардарци“ го почнуваат својот европски пат.
По седум години „црвено-црните“ повторно се на европската сцена, што само по себе е силен мотив за секој поединец во вардаровиот табор. Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ пред утрешната европска пресметка потенцира дека желбата на сите во тимот е со триумф во Скопје во многу што нештата да се олеснат за реваншот за седум дена.
„Екипата е навистина мотивирана за европскиот дуел. Нашата желба е да ја завршиме работата уште на првиот меч и да обезбедиме резултат со кој ќе би патувале помирно на реваншот во Сан Марино“ – вели Омерагиќ, веднаш дополнувајќи:
„Факт е дека сме подобар тим од Ла Фиорита, и мора да веруваме во себе. Но, во исто време и силно го респектираме противникот. Во денешниот фудбал мора да се има почит за секој противник. Ќе ги нападнеме од старт затоа што играме на домашен терен и секако ќе атакуваме на што убедлива победа, со поддршка и на нашите навивачи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

