Ажурирана листата на фаворитите за Златната топка: Меси и Роналдо ги нема меѓу топ 10, Бензема е фаворит

Златната топка за 2022 година ќе се додели во септември или октомври оваа година. Оваа реформа доаѓа во миговите кога се случува за првпат Светско првенство да се одигра на есен, а не во текот на летото ка кошто досега беше случај. Па така настапот на Мундијалот во Катар, ќе биде пресуден за освојување на оваа награда во 2023 година.

Новинарите на „Goal” ја ажурираа табелата за престижната награда, која ја доделува „Франс Фудбал“ и има значајна промена на врвот.

Карим Бензема го престигна Роберт Левандовски, откако напаѓачот на Реал Мадрид има импресивна сезона, заокружена со хет-трикот во Лондон, со што „кралевите“ се пред пласман во полуфиналето. Сега Французинот е на чело на табелата пред Левандовски.

Ливерпул и Реал Мадрид имаат по три играчи во ТОП 10, а таму нема место за Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои имаат најмногу вакви награди.

Покрај Бензема и Левандовски, меѓу првите 10 се уште и Салах, Мбапе, Модриќ, Мане, Де Брујне, Винициус Жуниор, Фоден и Александер-Арнолд. Интересно е тоа што Ерлинг Халанд се наоѓа дури на 20 место, а Меси го нема ниту во ТОП 20.

Се вчитува...