Бабиќ: Горд сум на моите ракометари, се надевам дека и утре ќе ја повториме борбеноста

Ракометарите на Пелистер стигнаа до втората победа сезонава во Лигата на Европа, откако на домашен терен славеа над унгарска Татабања со 21-19. По натпреварот, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ изјави дека е презадоволен од играта на неговите ракометари и дека се надева дека и утре ќе ја повторат истата борбеност како на денешниот натпревар.

„Татабања е многу цврста екипа која игра силна одбрана. Поради тоа не беше ова убав ракомет. Одигравме борбен натпревар и покрај многуте проблеми кои ги имавме со повреди. Се боревме за секој милиметар и многу сум горд на моите ракометари. Утре е нов предизвик. Нов натпревар имаат силен карактер и повторно очекува неизвесен натпревар кој ќе го решат нијанси. Се надевам дека ќе ја повториме борбената игра од денеска“, изјави Бабиќ. 

Ракометарот на Пелисетер Кукуловски се сложува со својот тренер додавајќи дека се што договориле успеале да го исполнат на мечот.

„Дадовме максимум, одигравме како што се договоривме и дојдовме до победа. Се подготвуваме за утре. Повторно ќе дадеме максимум и одиме на победа“, изјави Кукуловски.

Вториот натпревар на програмата е утре од 17 часот исто така во арената „Боро Чурлески“ во Битола.

Се вчитува...