Бабиќ: Нема филозофија, имавме шанса и не ја искористивме…

Огромно е разочарувањето во хрватскиот табор по трилер-завршницата на полуфиналната пресметка со Норвешка. „Коцкестите“ беа на работ на големото финале, но Хорват не погоди пенал во последната секунда, па Норвешка по продолженија успеа да се избори за битка за златниот медал со домаќинот Франција.

Нема што да се каже, да се филозофира, имавме шанса и не ја искористивме. Игравме најдобро што знаеме, со срце и со желба. Бевме на чекор, но не го дадовме тој гол што сите толку многу го посакувавме. Не можам да опишам какво беше чувството кога топката не заврши во мрежата, секако дека на сите ни е многу тешко, но ќе мораме да дадеме се од себе и веќе утре против Словенија да славиме и да стигнеме до бронза. Тоа би било чудо за Хрватска. Без разлика како ќе заврши тој дуел, јас сум горд на моите играчи, кои покажаа што значи да се игра за татковината“ – изјави хрватскиот селектор Жељко Бабиќ.

Се вчитува...