Еурофарм Пелистер ги заврши подготовките во Хрватска каде одигра три контролни натпревари против на кои забележа по една победа, порази и реми. Битолчани славеа над Горица, ремизираа со Целје и загубија од ППД Загреб. Тренерот на „зелено-белите“ е задоволен од подготовките, велејќи дека како ќе одминува сезоната формата на ракометарите ќе оди само во нагорна линија.
„Ракометарите одлично се ангажираа деновиве. Во текот на сите натпревари покажавме задоволителен интензитет. Задоволен сум, иако ни недостасуваше реализација. Очекувам во наредните 10-15 дена да играме во подобра форма. Тоа е очекувано, со оглед на големата пауза. Исто така ни фалат неколку играчи, кои беа дел од репрезентацијата. Верувам дека за првиот дуел во пролетната полусезона во СЕХА лигата ќе бидеме комплетни. Се надевам дека ќе започнеме успешно. Добро се презентиравме на овие натпревари против силни противници. Одличен потег беше да се дојде тука во Хрватска. Им дадовме шанса на ракометарите кои играа помалку и тие добро се претставија. Посебно, сакам да го потенцирам настапот на Кукуловски. Покажа дека е голем потенцијал и Еурофарм Пелистер заврши голема работа што го доведе во клубот. Очекувам во текот на сезоната да го развие својот потенцијал и еден ден да дојде во македонската репрезентација“, изјави Бабиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА