Ракометарите на Пелистер загубија на гостувањето кај Вардар со 35-27 во првиот натпревар од директната пресметка во борба за титулата во Суперлигата. Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ вели дека главна причина за поразот на неговиот тим е големината на натпревароти и притисокот со кој се соочија неговите млади ракометари.
„Заслужена победа на Вардар. Имаа многу повеќе енергија, можеби и повеќе квалитет. Но, верувам дека и покрај целиот квалитет кој го поседуваат ние енергетски паднавме. Имаме пократка ротација од тоа што е потребно. Имаме многу натпревари и емотивно бевме израмнети. Сигурно главен фактор за поразот се физичкиот и менталниот замор кој е присутен. Имаме многу натпревари и особено за младите играчи е тешк да се издржи. Од моја перспектива потонавме поради големината на натпреварот. Но, тоа е спортот одиме понатаму“, изјави Бабиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА