Бабиќ: Сакаме да имаме што повеќе Македонци во Еурофарм Пелистер

Жељко Бабиќ не го криеше задоволството откако денеска потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер, со кој хрватскиот стручњак ќе остане на чело на битолскиот суперлигаш до јуни 2024 година.

Бабиќ лани дојде на клупата на „пелистерци“ на местото на Стевче Алушовски, коронавирусот го спречи минатата сезона да го нападне тронот на Вардар на врвот на мак-ракометот, но битолскиот клуб е подготвен сезонава да атакува на трофеите.

„Уште на почетокот на нашиот разговор со професорот Стерјев, ја планиравме иднината и уште тогаш сакавме договор на подолг период. Уште тогаш бевме многу професионални и си дадовме време да видиме како ќе се снајдам во новата средина и клубот да ги види моите спосособности и дали со мојот профил одговарам за оваа средина. Јас сум задоволен од тоа како напредуваме и во организациска и во професионална смисла. Клубот е задоволен со мојот пристап кон работата и професионалноста. Радосен сум што сум дека од семејството Еурофарм Пелистер и сите ќе дадеме максимум за еден ден да го подигнеме тој пехар кој силно го посакуваме. За тоа е потребен процес, време и квалитетни одлуки. Некогаш во шега велам дека ќе останам во Битола се додека не го освоиме пехарот во националното првенство“, вели Бабиќ.

Тренерот на Еурофарм Пелистер се осврна и на домашниот талент, истакнувајќи дека негова желба е што повеќе македонски репрезентативци да го носат дрессот на овој клуб.

„Сакаме да имаме што е можно повеќе македонски репрезентативци и кога ќе игра македонската селекција да се исповетуваме со неа. Само така ќе го подигнеме квалитетот на клубот. Спојот на домашни репрезентативци и добро селекционирани и бирани странски ракометари се добитна комбинација. Само прашање на време е кога тоа ќе се оствари, но клубот веќе сега остварува големи успеси“, истакнува Жељко Бабиќ.

Се вчитува...