Бабиќ се посрамоти и во Хрватска – Отказ и од Подравка за поранешниот тренер на „пелистерци“

Поранешниот стратег на македонскиот ракометен вицешампион, Жељко Бабиќ доби отказ во хрватскиот женски великан Подравка. По неочекуваниот пораз среде Копривница кој го претрпеа ракометарките на Подравка од Дуго Село, од раководството на клубот му се заблагодарија.

Поразот од 26-25  може да ги чини многу скапо во битката за титулата, бидејќи широко ја отворија вратата на Локомотива Загреб за нов трофеј.

Тимот од Загреб има максимален број победи досега – 13 и 26 бода, а Подравка веќе заостануваше два бода, и сега од 14 меча има 24 бода. Дури и Подравка да слави во вториот меѓусебен дуел, ќе мора да чека друг кикс на Локомотива, што малку е веројатно дека ќе се случи.

Се вчитува...