Ракометарите на Пелистер утре ќе го пречекаат словачкиот Татран Прешов во натпревар од регионалната СЕХА лига. Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ вели дека со агресивна одбрана може да се дојде до триумф на мечот против словачкиот шампион.
„Татран Прешов е добро тренирана и добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, кој долго време е таму, што значи дека добро си ја работи својата работа. Во тоа не треба воопшто да се сомнева. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка во напад. Тоа веќе им го нагласив на моите ракометари. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел“, изјави Бабиќ.
Натпреварот во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за во сабота со почеток во 17:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА