Жељко Бабиќ има бројни причини да биде разочаран по очајното издание на Еурофарм Пелистер во голем дел од денешниот дуел со Ним, на отворањето на новата европска сезона на битолчани.
„Пелистерци“ имаа минус девет на полувреме, во вториот дел за момент се најдоа и во двоцифрена негатива, за во самиот финиш да се изборат за нешто поподнослив пораз, изразен со конечните 21-26.
„Сакам да му честитам на тимот на Ним за победата и за изданието. Сосема заслужена победа, затоа што одиграа добар натпревар. Тажен сум, затоа што сметам дека не го покажавме во нашето најдобро светло. Игравме лошо посебно во првото полувреме, шутиравме избрзано и промашувавме, а и голманот на Ним беше расположен. Уште еднаш, честитки за ривалот и многу успех во сезоната“, изјави Бабиќ по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА