Давид Бабунски се раздели со Данди Јунајтед: „Благодарен сум на соработката, време е за нов предизвик…“

Давид Бабунски летово повторно ќе ги менува клупските бои откако раководството на Данди Јунајтед реши да не ја активира втората година од договорот што Македонецот го потпиша минатото лето.

Давид тогаш потпиша на “една плус една сезона“, со тоа што клубот имаше слобода да решава дали да го задржи нашиот репрезентативец. Како што информираат шкотските медиуми, менаџерот Гудвин и клупската управа на крајот решиле оваа клаузула да не биде активирана, па Бабунски како слободен играч ќе може да ја избере следната дестинација во кариерата.

Македонецот имаше одличен старт на сезоната во дресот на Данди јунајтед, со брилијантни партии во Премиер-купот на Шкотска. Тој беше стартер и на 16 од првите 17 средби на својот тим во Премиер-лигата на Шкотска, но како што одминуваше времето така и минутажата на Бабунски се намалуваше, по што на крајот беше донесена и одлуката за разделба.

Бабунски денеска преку социјалните мрежи и официјално се збогуваше со својот досегашен клуб…

Се вчитува...